1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Меркел до Словенија: Воведете ред во банките!

Иако не беше остра како ЕК неколку денови претходно, германската канцеларка Ангела Меркел ја опомена Словенија дека мора да воспостави ред во банкарскиот систем - но не е само тоа.

И додека Комисијата на ЕУ ја критикуваше Словенија поради порастот на буџетскиот дефицит, германската канцеларка Ангела Меркел ја поштеди својата словенечка колешка Аленка Братушек за време на нејзината прва официјална посета на Берлин. Меркел сепак укажа на проблемот со банкарскиот сектор кој Словенија мора да го реши.

Излезот е во приватизација

Alenka Bratusek Premierminsterin Slowenien zu Besuch in Berlin

Аленка Братушек во посета на Берлин

„Од особено значење е словенечките кредитни институти да ја повратат довербата на меѓународните инвеститори“, рекла Меркел и дополнила дека поради тоа словенечките банки би морале што поскоро да спроведат т.н. стрес тест, кој укажува на идникаторот на стабилноста на банките. Германската канцеларка ги поддржала настојувањата на словенечката влада за што поскоро спроведување на реформи, а како еден од инструментите Меркел ја пофалила и волјата за приватизација. Таа не ја пропушни можноста да исткне дека се надева оти во тоа и „германските претприемачи ќе одиграат важна улога“. Меркел на својата гостинка и’ посакала „многу среќа“. Таа на новата словенечка премиерка секако ќе и’ биде потребна.

Во Словенија годинава се очекува дефицит на ниво од осум отсто. Европската комисија и’ даде на Љубљана рок од две години да го спушти дефицитот под дозволената граница од три проценти. Меѓутоа за разлика од Ангела Меркел, која проблемот го гледа само во банките, ЕК смета дека словенечката влада не вложува доволно напори за остварување на целта.

Словнечките „лоши банки“

Alenka Bratusek Premierminsterin Slowenien zu Besuch in Berlin

Канцеларката Меркел ја прими својата словенечка колешка во Берлин

Ситуацијата со словенечките банки е критична. Долговите се зголемија на седум милијарди евра, што е петтина од вкупниот годишен стопански обрт на оваа земја. Словенија, според познатото сценарио од кризата со еврото, „трулите кредити“ најверојатно сака да ги префрли во „лоши банки“. Но, за тоа се' уште нема добиено дозвола од ЕК. Причината: Словенечките банки се' уште го немаат „положено“ стрес тестот, кој го спомена и Ангела Меркел.

Комесарот на ЕК за монетарна политика Оли Рен тврди дека има се' помалку време. „Ситуацијата е сериозна, но е се' уште под контрола“, рече Рен изминатата седница. Словенија ќе стори се' што е во нејзина моќ, за да го избегне „заштитничкиот чадор“ на Европскиот механизам за стабилизација и дружењето со „озлогласената Тројка“, која им го загорчува животот на лидерите на останатите презадолжени членки на еврозоната. Но, и без Тројката, Словенија прави потези како и други држави кои користат средства од фондот ЕСМ, а тоа е пред се' обидот за масовна приватизација на државниот сектор.

Продажба на највредното

Меѓу највредното, што го поседува словенечката држава меѓу другото се вбројуваат Телеком Словенија и аеродромот. Владата во Љубљана размислува за можноста за приватизација, но и за воведуавње на поголем данок на додадена вредност (22 проценти). Она што од Словенија меѓународната Тројка (ММФ, ЕУ, ЕЦБ) секако го бара, тоа е намалување на државната администрација. За тоа размислува и словенечката влада.

На прашањето што би и' прорачала на Словенија во борбата против кризата, Меркел вели дека „Словенечката влада знaе самата што треба да стори“. Но, таа напомена дека реформата на банкарскиот сектор и приватицацијата би можеле да придонесат за подинамичен развој на стопанството.