1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Меркел ги поддржува печатените медиуми

Германската канцеларка најави поддршка за весниците кои се во криза поради конкуренцијата од онлајн медиумите.

Германскиот канцелар Ангела Меркел преку видео порака изрази поддршка за печатените медиуми од каде во изминатите денови пристигнуваат информации за банкрот на угледни дневни весници.

„Сметам дека печатените медиуми се многу важни“, нагласи Меркел чија Влада поддржува проекти за анимирање млади луѓе да читаат весници.

Меркел во овонеделната видео порака оцени дека читањето е сепак нешто поинаку отколку да се види на интернет. Таа истакна дека нејзината Влада понатаму ќе поддржува проекти за читање весници како и останати проекти во кои постои можност за понатамошен развој на печатени медиуми.

Таа им посака добра иднина на медимите и ја потенцираше нивната улога во процесите на демократизацијата.

Изјавата на Меркел беше дадена откако медиумите јавија дека Фајненшел тајмс Дојчланд е пред згаснување, а Франкфуртер рудншау прогласи стечај.