1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Меркел: Германија останува мотор на Европа

Германската канцеларка во првата владина изјава по реизборот ја пофали својата стара и новата политика. На земјите погодени од економска криза таа им го препорача германскиот модел. Меркел остро ја критикуваше НСА.

Ангела Меркел планира со дополнителни реформи и натаму да ја јакне Германија.

„И покрај сите успеси, не смееме да ги скрстиме рацете“, изјави Меркел во владината изјава пред германскиот Бундестаг дадена денеска (29.01.2014) во Берлин. Таа искажа пофалби за социјалната пазарна економија, која е како компас, и ја истакна солидарноста во Германија:

„Во фокусот на нашиот ангажман се наоѓа човекот, а не поединечните итереси“.

Осврнувајќи се на аферата со прислушкување и надгледување на електронските комуникации од страна на американската тајна служба НСА, таа упати невообичаено јасни зборови:

„Постапка при која целта ги оправдува средствата, при која се прави се‘ што е технички можно, ја повредува довербата и сее недоверба“.

На крајот, од тоа произлегува помала наместо поголема сигурност. Од друга страна, довербата е сржта на заедничклата соработка, смета Меркел. Таа сепак предупреди од преземање избрзани чекори, како стопирање на планираниот договор за слободна трговија со САД.

„Инаетот никогаш не водел кон успех“, истакна Меркел.

Во поглед на европската економска криза, канцеларката предупреди:

„Не смееме да веруваме на лажниот мир. Кризата е навистина под контрола, но не е и трајно надмината“. Меркел смета дека е потребно продлабочување на економската и монетарна унија, како и јакнење на европските институции. Исто така, неопходно е и натамошно развивање на европските договори. Европа треба да стане постабилна, поблиска до граѓаните и поправедна“, смета Меркел.

Канцелраката и натаму ја гледа Греманија како мотор на Европа.

„Ние во голема мера придонесуваме за надминување на европската економска криза“, истакна Меркел, според која тоа се должи првенствено на добрата соработка на социјалните партнери, работодавачите и синдикатите.

Таа на 17 декември третпат беше избрана за канцеларка, по изборите за Бундестагот на 22. септември, на кои нејзината Христијанско-демократска унија освои 41,5 проценти од гласовите, но мораше да најде уште еден партнер. ЦДУ формираше голема коалиција со Социјалдемократската партија на Германија.