1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Меркел: Германија не врши притисок врз Чешка

Чешка ќе го спроведе европскиот фискален пакт за поголема буџетска дисциплина и без да го потпише, и‘ вети премиерот Петр Нaчес на германската канцеларка Ангела Меркел во Прага.

Чешка „де факто“ ќе се придржува до барањата на европскиот фискален пакт, ја увери чешкиот премиер Петр Нечес германската канцеларка Ангела Меркел која денеска е во посета на Прага. Меркел пак изрази надеж дека Чешка еден ден и ќе го потпише договорот, но и без потписот верува во неговото спроведување од страна на владата.

Трипартиската коалиција во Прага не го потпиша европскиот фискален пакт кој предвидува поголема фискална и финансиска дисциплина. Чешка со тоа, заедно со Велика Британија, е единствената земја од ЕУ која се вoздржа од потпис, за разлика од останатите 25 држави. Според Меркел, чешкиот став за ЕУ не е проблематичен, зашто кон фискалниот пакт мора да пристапат само земјите од еврозоната. Чешката република пак како валута ја има круната.

„За Германија е важно што Чешка екстремно сериозно го сфаќа пактот за стабилност и развој“, нагласи Меркел.

Deutschland Tschechien Petr Necas bei Angela Merkel in Berlin Archivbild

Ангела Меркел и Петр Нечас

Нечас пак го истакна силниот интерес на неговата држава за стабилна европска валута.

„Ние сме убедени дека долгорочно решение за должничките проблеми може да биде единствено конкурентската способност. Со оглед на тоа, владата работи на јакнење и на чешката конкурентска способност“, нагласи Нечас.

Германија пак е особено загрижена и за безбедноста на чешката атомска централа Темелин која се наоѓа на 50 километри од нејзината граница. Атомската централа е најважниот енергетски извор за Чешка, но со серијата дефекти постојано се наоѓа на насловните страници на германските медиуми.

Планираната изградба на два натамошни реактори во Темелин наидува на отпор особено кај баварските и австриските заштитници на природата. Начес вети транспарентен однос на чешката влада во дискусијата околу планираната изградба на реакторите.

Посетата на Меркел на Чешка е по повод 20-годишнината од потпишувањето на Договорот за добрососедство меѓу двете земји, со кој се стави крај на проблематичните односи кои носеа печат на војната, окупацијата и прогоните. На 27. февруари 1992. година