1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Меркел во четиридневна посета на Индија

*

Германската канцеларка Ангела Меркел придружувана од висока стопанска делегација денеска ја започнува својата прва посета на Индија . Во фокусот на четиридневниот престој во главниот град Њу Делхи и финансиската метропола Мумбаи е проширувањето на економската и научна соработка меѓу Германија и Индија . Утре канцеларката во Њу Делхи треба да се сретне со својот индиски колега Манмохан Синг .