1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Меркел во Самара

Германската канцеларка Ангела Меркел пристигна во градот Самара на средба со рускиот претседател Владимир Путин. Двајцата политичари ќе разговараат воочи утрешниот самит ЕУ-Русија во овој град. Меркел е придружувана од страна на претседателот на ЕК Жозе Мануел Барозо. Инаку самитот се одржува во услови на зголемени тензии меѓу двете страни околу повеќе прашања. Едно од нив е и руската забрана за увоз на месо од Полска. Полската министерка за надворешни работи Ана Фотуга денеска предупреди дека односите меѓу Брисел и Москва се во криза.