1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Меркел во посета на САД

Германската канцеларка Ангела Меркел доби поддршка од американскиот претседател Џорџ Буш за нејзините напори за заживување на блискоисточниот мировен процес.За време на двоиполчасовната средба во Вашингтон Меркел и Буш синоќа се договорија за тесно усогласување при барањето решенија.

default

Ангела Меркел во Вашингтон беше помалку како германска канцеларка,а повеќе во новата функција,претседавач со ЕУ и со Г8.А таа потенцираше дека овие нови задолженија сака да ги извршува во тесна соработка со САД.Нејзината прва посета на новата функција е сигнал:

-Дека од мој аспект соработката меѓу ЕУ и САД е од суштинско значење.

На пример во конфликтот на Блискиот исток.Европејците,како и сојузната германска влада, уште одамна притискаат заради поактивна улога на САД во блискоисточниот конфликт.Меркел иницира свикување на Блискоисточниот мировен квартет.Во него освен САД и ЕУ припаѓаат и ОН и Русија.Претседателот Буш на оваа тема:

-Госпоѓата канцелар има добра идеја,повторно да го свика Блискоисточниот мировен квартет,јас се согласувам .Квартетот ќе се собере во погоден момент.При враќањето од претстојната посета на Блискиот исток,за тамошната ситуација американската министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс нема да ми поднесе извештај само мене,туку и на канцеларката Меркел,рече Буш.

На тема Блиски исток спаѓа и прашањето како политички да се придобие Сирија.Владата на Буш досега одбегнуваше разговори на високо ниво,се чини дека и канцеларката сега се приклонува на оваа линија:

-Сирија доби многу шанси за да покаже дека ќе игра конструктивна улога.Овие шанси за жал се пропуштени.

Буш и канцелраката меѓусебно си направија комплименти за соработката во атомскиот конфликт со Иран и во Авганистан.Ангела Меркел ја искористи приликата барем вербално да го поддржи американскиот претседател во темата најтешка за него:ирачката војна:

-Се разбира,разговаравме и за ситуацијата во Ирак,и јас од моја страна сакам да кажам,иако Германија таму не е воено ангажирана,ние сме заинтересирани Ирак да се развива во правец на смирување на ситуацијата,луѓето да не мора да стравуваат за своите животи.Ние политички ќе поддржиме се што е нужно за ваков развој,потенцира Меркел.,без да прецизира детали како би изгледала оваа политичка поддршка.