1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Меркел во Полска

Германската канцеларка Ангела Меркел пристигна во Варшава каде со полските власти разговара за подобрување на затегнатите односи меѓу двете земји. „Полска е еден од нашите најзначајни соседи„ изјави Меркел на аеродромот во Варшава каде со највисоки воени почести беше дочекана од страна на полскиот премиер Јарослав Качински. Шефот на полската влада изјави цитирам „одиме напред и решаваме конкретни проблеми„ Меркел во Варшава ќе се заложи и за пробив околу закочениот проект со ЕУ Уставот, кој во сегашната форма Полска го одбива. Попладне канцеларката ќе разговара и со полскиот претседател Лех Качински а ќе одржи и предавање на универзитетот во Варшава.