1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Меркел во НАТО и ЕУ

Во рамките на првото патување во странство, новата германска канцеларка Ангела Меркел вчера ги посети седиштата на НАТО и ЕУ во Брисел.

Ангела Меркел пред печатот на првата странска посета

Ангела Меркел пред печатот на првата странска посета

Посетувајќи го Париз и во истиот ден Брисел, шефицата на германската влада упатува јасен сигнал за насоките на нејзината надворешна политика: развојот на германско-француските односи се еднакво важни како и врските со трансатлантските партнери.

Ангела Меркел прво се сретна со генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Шефер, при што му вети дека Германија останува на преземените обврски кон Алијансата. Таа исто така особено ја истакна важноста на односот со САД:

„Уверена сум дека овие односи можат и понатаму да се развиваат и дека НАТО повторно би требало да стане кворум за договарање на одредени политички прашања и дури потоа, ако не се постигне единство во рамките на НАТО, тогаш партнерите да одат по својот пат.„

Значи, Меркел ја продолжува политиката на најзиниот претходник на функцијата Герхард Шредер, иако минатата пролет тој беше прилично на удар на критики поради барањето за отворен политички дијалог во рамките на Сојузот. Новата канцеларка останува и на ставот за неиспраќање германски војници во проектот за обука војници во Ирак.

Вечерта, по посетата на седиштетот на НАТО, Меркел замина понатаму за Брисел. Во Европскиот парламент таа беше прво бурно дочекана од пратениците на собраниската група на Народните партии, по што имаше средба со Претесдателот Хозеп Борел. Веднаш потоа на програмата беше и средба со шефот на Европската Комисија, Хозе Мануел Барозо, кому Меркел значително му помогна да дојде воопшто на функцијата. Барозо и‘ е секако за тоа многу благодарен. Клучна тема во разговорите со него беше финансискиот спор во ЕУ, што најверјатно ќе домини8ра и со самитот во декември.

„Секако дека клучот е кај британското претесдателство, но јас сум уверен дека решителноста на Ангела Меркел во европската политика ќе ни помогне да го увериме претседателството.„

Токму со актуелниот претседавач со Советот на ЕУ, британскиот премиер Тони Блер, Ангела Меркел се среќава денеска во Лондон, на вториот ден од првата странска турнеја. Новата германска канцеларка знае добро дека нејзината земја е дојдена до границите на финансиските можности и дека не може да вети ништо повеќе од она што го вети Шредер во јуни годинава. Но, таа затоа ја нагоасува добрата волја да посредува во спорот околу идниот финансиски план на ЕУ, каде копјата се кршат пред се‘ меѓу Велика Британија и Франција околу британскиот буџетски рабат и големите аграрни субвенции за француските земјоделци.

„Прашањето на британскиот рабат е важен камен во целиот мозаик, но решение ќе најдеме само ако сите отворени прашања ги набљудуваме во пакет„ – порача Ангела Меркел спроти посетата на Лондон.