1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Меркел во Ерусалим

Германскиот канцелар Ангела Меркел во Ерусалим се состана со израелскиот министер за надворешни работи Ципи Ливни, а и претстојат средби и со премиерот Ехуд Олмерт, како и со претседателот на Палестинците Махмуд Абас. Таа го посети и споменикот на холокаустот Јад вашем.

Меркел ја опомена новата палестинска влада на национално единство да ги прифати условите на меѓународниот мировен квартет за Блискиот Исток. Подршка ќе добијат само оние, кои навистина сакаат мировен процес, изјави Меркел по средбата со јорданскиот крал Абдула во градот Акаба на Црвеното Море.