1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Меркел во Африка без платежна картичка, но со ”отворено уво” за проблемите

Пет дена во Африка – од нив половината во воздух. Германската канцеларка, Ангела Меркел, беше на турнеја во Етиопија, Јужноафриканската република и Либерија.

default

Ангела Меркел со лидерите на Африканската унија

На последната станица од турнејата – во Либерија, германската канцеларка, Ангела Меркел не беше единствената што симболизираше женска моќ. Во Либерија владее железната леди Елен Џонсон Сирлиф, единствената жена која е на чело на една африканска држава. ”Погледнете”, гласеше порака на Меркел, ”ако одите по демократски пат, ќе ви помогнеме и доколку се најдете на дното.” Ангела Меркел го трасираше курсот уште за време на првата посета, на Етиопија, на почетокот на турнејата: ”Нашата надворешна политика е ориентирана во значителен дел кон борбата против гладот и сиромаштијата. Тоа се покажува во борбата против корупцијата, против диктатурата и злоупотреба на власта, против повреди на човековите права. Но, велам сосема јасно – само развојна помош и поддршка од страна на западните земји не е доволно. Сеедно дали станува збор за милениумските цели, за политичкиот напредок, за економскиот пораст илиз а надминување на сиромаштијата – фундаментот за развој и за успешна борба против сиромаштијата во Африка лежи во самата Африка.”

Критики и признанија

Меркел ги критикуваше јасно ситуациите во Судан и Зимбабве, но и‘ оддаде признание на младата Африканска унија за начинот на кој таа се справува со овие кризи. Човекот што пред 13 години ја доведе Јужноафриканската република до демократија, Нелсон Мендела, Меркел го сретна во Јоханесбург. Во меѓувреме, тој има 89 години, слуша тешко и оди наведнат, но во духот, првиот црн претседател на Јужоанфриканската република, е сеуште многу буден. Меркел беше одушевена. Канцеларката имаше и време за посета на градилишта – во Совето се гради Сокер сити, најголемиот стадион во Африка, на кој за три години треба да биде означен почетокот и крајот на Светското фудбалско првенство. Работниците ја убедија Меркел не само во напрдодкот на градежните работи, туку во ритамот на Африка спонатно и‘ испеаја и песна, а Меркел вети: ”Секаде каде што можеме да помогнеме ќе го сториме тоа за светското фудбалско првенство да мине извонредно.”

Африканските темни страни

Канцеларката ги виде и темните страни на Африка, не само во уништената од бомби Монровија, туку и во Капштат. Таа во една болница за бебиња болни од сида, за да може да им се приближи на малите пациенти непречено, ги изостави дури и новинарите кои беа во нејзина придружба.

Ваквото внимателно приближување и‘ даде белег на целата нејзина турнеја. Од нејзините кругови се вели дека Меркел не дојде со платежна картичка, туку дојде да слуша, да создаде слика и чувство за Африка. Кај нејзините домаќини тоа оставило впечаток, иако со тоа проблемите на Африка не станаа ниту за трошка помали.