1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Меркел вети нови фондови за еврозоната

Германската канцеларка Ангела Меркел оцени дека е направен напредок во надминувањето на должничката криза во Европа и најави нови фондови за задолжените земји со кои нивните влади ќе можат да финансираат нови проекти.

 Во обраќање до парламентот на неколку часови пред почетокот на самитот на 27. лидери на ЕУ во Брисел, Меркел ја осуди корупцијата во Грција, но рече дека оваа земја искрено се обидува да се промени и ќе остане во еврозоната.

Меркел го поддржа предлогот на нејзиниот министер за финансии Волфганг Шојбле, кој неделава предложи европскиот комесар за монетарна политика да добие пошироки овластувања со кои ќе му се даде правото на вето над националните буџети на државите членки на ЕУ.

Одбивајќи ги предлозите за заедничко преземање на долговите на задолжените јужноевропски земји, Меркел рече дека наместо тоа ќе предложи формирање заеднички фондови кои би се финансирале од ново воведениот данок на финансиски трансакции.

Говорот на Меркел во Бундестагот беше следен со големо внимание, затоа што истовремено тоа беше и нејзино прво соочување од парламенарната говорница со нејзиниот противкандидат за канцеларската функција од редовите на опозициската СПД, Пер Штајнбрик на парламентарните избори следната година.

Штајнбрик настапи на говорницата веднаш по Меркел и во остар говор ја

Peer Steinbrück Bundestag Debatte Berlin Deutschland

Пер Штајнбрик

нападна дека ги злоупотребила и заплашувала европските партнери за време на должничката криза.

„Беше голема грешка тоа што дозволивте вашите коалициски партнери да водат силеџиска кампања против грчкото членство во еврозоната. Не интервениравте, ниту зборувавте во корист на Европа“, рече Штајнбрик.

„Ни Хелмут Кол, ниту кој било од вашите претходници немаше да дозволат кампања против европски сосед во корист на домашни политички цели“, оцени Штајнбрик.

Тој ја повика Меркел отворено да и соопшти на јавноста дека ќе мора уште да се плаќа за Грција.

„Што се однесува до Грција, Германија заедно со европските партнери ќе мора да преземе уште повеќе обврски, кажете го тоа, конечно!“, рече Штајнбрик.