1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Меркел, Блер

*

Германската канцеларка Ангела Меркел изрази надеж дека на самитот на Г8 во Хајлигендам ќе биде постигнат договор за конвенција на ОН која по 2012 година ќе го замени протоколот од Кјото. По разговорите со британскиот премиер Тони Блер, Меркел го поздрави американскиот предлог за справување со климатските промени, но нагласи дека тоа е недоволно. На заедничката прес конференција во Берлин, Тони Блер ја нагласи потребата од глобален договор по ова прашање:

„ Тоа е прашање за кое мора да постигнеме глобален договор со цел и по истекот на протоколот од Кјото да бидеме способни да создадеме глобална рамка во која ќе бидат вклучени сите главни играчи. Тоа ќе ни овозможи да обезбедиме постојана редукција на емисијата на штетни гасови„ изјави Блер.