1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Меркел - биланс - Полска

Германската канцеларка Ангела Меркел извлече позитивен биланс од дводенвната посета на Полска. Портпаролот на владата Улрих Вилхелм изјави дека посетата придонесе за подобрување на климата меѓу двете земји. Полскиот претседател Лех Качински, непосредно по заминувањето на Меркел, изјави дека и покрај задршките, ќе ја потпише таканаречената “Берлинска декларација“ за политиката на Европската унија. Освен тоа, Качински соопшти дека советот за национална безбедност ќе го разгледа предлогот на Меркел во врска со спорниот американски анти-ракетен систем да се разговара во рамките на НАТО. САД имено, имаат намера во Полска и Чешка да инсталираат делови од одбранебниот систем против можни ракетни напади од држави како Иран и Северна Кореја.