1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Меркел бара разјаснување од НСА

Германската канцеларка Ангела Меркел на вонредна седница на Бундестагот побара разјаснување на случајот со шпионирање од страна на американската тајна служба НСА.

„Трансатлантските односи и со тоа и преговорите за трансатлантски договор за слободна трговија, се без сомневање ставени на проба поради обвинувањата против САД“, рече германската канцеларка Ангела Меркел, која сепак нагласи дека односите со САД за Германија и Европа се од „извонредно големо значење“.

Бундестагот денеска (18.11.) расправа за активностите на НСА и обвинувањата за прислушување, како и влијанието на аферата врз билатералните и трнасатлантските односи.

Пратеничката група на партијата на Левицата побара итно затворање на американски воени институции во Германија, за коишто се знае дека биле користени за „акции на прислушување, напади со беспилотни летала, војни спротивни на меѓународното право и ЦИА-летови на измачување“. Паралелно со тоа, Левицата поднесе и документ со предлози за подобра заштита од кривично гонење и дискриминација на лицата како Едвард Сноуден. Откривањето на девијациите е „акт на цивилен кураж“, изјави Катја Кипинг од партијата на Левицата.