1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Меркел бара поголема сплотеност на ЕУ

*

Германскиот канцелар Ангела Меркел ја повика ЕУ на поголема сплотеност. Само ако Европејците заеднички ја ангажираат целата своја тежина, ќе можат да ги пресретнат заканите, рече Меркел во говорот на свеченоста по повод 60-годишнината на постоењето на Евангелистичката академија во баварското место Туцинг. Според Меркел, не може доволно високо да се оцени колку е големо значењето на договорот за основите на Унијата за кого е донесено решение на самитот на крајот на јуни.