1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Меркел бара поголема поддршка за претприемачите со странско потекло

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека на Германија и‘ се потребни отвореност и стручњаци од цел свет. Во Берлин денеска (28.05) се одржа шестиот Самит за интеграција.

Централна тема на Самитот за интеграција овој пат беше интегрирањето на пазарот на работна сила и доселувањето на стручњаци во Германија, особено од државите на ЕУ. Германската канцеларка Ангела Меркел укажа дека во Германија е олеснет процесот на признавање на странски дипломи и наведе дека наредна задача е поддршката на претприемачите со странско потекло. Според Меркел, не смее да се случува ваквите луѓе да бидат запоставени при доделувањето кредити. Канцеларката во Берлин изрази и незадоволство од процентот на учество на мигранти во јавните дејности. Во текот на изминатите години овој процент се намалил наместо да се зголеми.

Меркел е против двојно државјанство

Канцеларката денеска уште еднаш се изјасни против двојно државјанство. Таа е на мислење дека треба да се остане на сегашната регулатива, според која лицата кои имаат двојно државјанство најдоцна до наполнувањето на својата 23-та година треба да се одлучат за едно од нив. Коалициониот партнер на Меркел, лидерот на либералите Филип Реслер, пред одржувањето на самитот за „Шпигел онлајн“ изјави дека двојно државјанство би било „дополнителен поттик за квалификуваната работна сила од странство да дојде во Германија“.

Во кабинетот на канцеларката Меркел денеска на Самитот за интеграција учествуваа претставници на сојузот, покраините и општините, како и претставници на мигрантските здруженија, синдикатите, хуманитарните организации и верските заедници. Во фокусот на разговорите беа шансите на мигрантите на германскиот пазар на работна сила, недостигот на стручњаци и доселувањето од државите од ЕУ.