1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Меркел бара кинески инвестиции во Европа

Пред посетата на Народна Република Кина германската канцеларка Ангела Меркел се заложи за кинески инвестции во Европа. Канцеларката се надева на повеќе, отколку само купување европски обврзници.

default

Германската канцеларка Ангела Меркел

При посетата наредната недала на Кина, Германија очекува проширување на веќе постоечката широка соработка меѓу двете земји, порача канцеларката Ангела Меркел преку нејзиниот видео-подкаст. Притоа Меркел не мисли само на натамошни активности на германски фирми во Кина. „Исто толку сме отворени кинески фирми да ги пласираат своите инвестиции во целата Европска унија, и во Германија“, нагласи канцеларката. Имено официјален Берлин се надева, дека Кина нема да се ангажира само со купување европски обрвзници, туку и со инвестиции во претпријатијата заглавени во криза. Неодамна на пример имаше серија преземање на фирми од кинески инвеститори во Португалија и во Италија.

При тридневната посета на Кина, освен главнот град Пекин Меркел ќе го посети и јужнокинескиот град Кантон. Планирани се разговори со премиерот Вен Џијабао, претседателот Ху Џинао и претседателот на Националниот народен конгрес Ву Бангуо.

Германската канцеларка признава дека по прашањата за човековите права и санкциите за Иран постојат разлики меѓу Германија и Кина. Сепак при посетата ќе разговара и на овие теми со нејзините кинески домаќини.

Ова е петта посета на Меркел на Кина откако стапи на функцијата канцелар на Германија во 2005 година. Мината година во Берлин првпат се одржаа германско-кинески владини консултации. Двете земји годинава прославуваат 40 годишен јубилеј на меѓусебните дипоматски односи.

Автор: Еленор Улих/ Александра Трајковска

Редактор: Симе Недевски