1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Меркел:без избегнување на непријатните теми

Германската канцеларка Ангела Меркел сака натамошно доградување на односите со Кина на сите рамништа,а става засилен акцент врз човековите права. Кинескиот премиер Вен Џиабао свечено вети поголема заштита на интелектуалната сопственост на германската висока технологија.

Вен Џиабао и Меркел

Вен Џиабао и Меркел

На Плоштадот на небесниот мир беа поставени бројни топови, од кои беа испалени поздравни плотуни кога кинескиот премиер Вен Џиабао ја прими германската канцеларка Ангела Меркел со сите воени почести.Двајцата поминаа заедно вкупно три часа,по што излегоа пред печатот, видно расположени:

-Постојат луѓе,кои за германската канцеларка велат дека е како бура.Јас би рекол,госпоѓа Меркел денеска во Пекинг донесе пријателски ветер,изјави кинескиот премиер.

Германско кинеските односи треба и натаму да бидат доградувани,согласни се двете страни.Во Големата сала на народот беа потпишани 19 договори,меѓу нив за соработка во железарската индустрија и во телекомуникациите.

Поинтензивно треба да се соработува и во енергетската и еколошката политика,како и во меѓународните прашања,како на пример Иран:

-Се согласивме дека Иран не смее да се стекне со атомско оружје,дека мора да се почитува договорот за неширење на нуклеарноот оружје,имаме добра основа за тесно усогласување на наредните чекори,изјави Меркел.

Топ тема во разговорите меѓу кинескиот премиер Вен Џиабао и канцеларката Меркел беше заштитата на интелектуалната сопственост,за што беше потпишан договор за намери.Кина секогаш одново се соочува со меѓународната критика во оваа област.Странските фирми се жалаат на загуби тешки повеќе милијарди поради пиратериските копии.Откако во март стана јасно дека Кина сама ќе гради свој Трансрапид,и во Германија зовре темата заштита на интелектуалната сопственост.Пекинг малку отстапи и најави намера за изградба на продолжена делница на железницата Трансрапид од Шангај кон Хангчу од страна на Германија.Но,овојпат не дојде до потпишување договор,иако премиерот Вен Џиабао и натаму е заинтересиран:

-Кина сака да воведе напредна технологија од Германија,а ние свечено ветуваме дека ќе ја штитиме интелектуалната сопственост.

Германската канцеларка досега не ги одбегнуваше непријатните теми при своите посети.Не само прекршувањето на правото на интелектуална сопственост,туку беше покрената и темата човекови права:

-Кина и Германија се членки на Советот за безбедност на ОН.Во иднина од тоа треба да се развие растечка одговорност во однос на политиката на човекови права кон трети земји,но јас дискутирав и за за човековите права во Кина.Јасно кажав дека се тие неодвоиви и дека се и ќе останат важен дел од нашата соработка,рече Меркел.