1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Мерилин Монро - се’ уште легенда

Животот на Мерилин Монро наликува на холивудски филм: потекнува од скромно семејство, но се искачи на ѕвезденото небо. Згора на тоа неуспешната потрага по големата љубов и раната смрт на 36 години создадоа легенда.

Мерилин Монро беше родена на 1. јуни 1926 година во Лос Анџелес. Крстена била со името Норма Џин Бејкер. Била вонбрачно дете. Татко и официјално не е познат, неофицијално колега од работа на мајка и’. Бидејќи таа неможела да се грижи за неа Норма Џин израснала во различни семејства и во дом за сираци.

Во 1942 година Норма Џин Бејкер на 16 години се омажи со еден сосед на семејството каде била згрижена, но бракот не траеше долго.

Во 1945 година Норма Џин станува позната како фотомодел. На почетокот е бринета со дива кадрава коса, а потоа блондинка со рамна коса. Во 1946 година, откако ги забележа првите успеси како модел ја доби и првата филмска улога и го менува името. Оттогаш е Мерилин Монро.

USA Film Schauspielerin Marilyn Monroe

Американската актерка Мерилин Монро

Неколку години подоцна во 1953 година Мерилин Монро се појави на насловната страница на првото издание на магазинот „Плејбој“.

Во годините кои следеа беше омажена со безбол играчот Џо Димаџо и писателот Артур Милер. Мерилин Монро немаше дете во ниеден од нејзините бракови.

Повеќе среќа имаше на филмското платно, по пробивот со филмот „Како да се улови милионер“, следуваа други големи успеси како филмовите „Проклетата седна години“ или „Некои тоа го сакаат жешко“.

Запаметен ќе остане и нејзиниот легендарен настап при телевизиски пренос на роденденската забава на претседателот Џон Ф.Кенеди во 1962 година, кога таа му го честиташе роденденот со „Happy Birthday, Mr. President“

Flash-Galerie Robert Kennedy und Marilyn Monroe und John F. Kennedy

Роберти Кенеди, Џон Ф.Кенеди и Мерилин Монро

На 5. август Мерилин Монро беше пронајдена мртва во Лос Анџелес, најверојатно почина од преголема доза на таблети за спиење. Нејзината ненадејна смрт ја шокираше нацијата. До денес се шпекулира дали навистина големата филмска дива изврши самоубиство.