1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Мендела предводник на кампањата за борба против сидата

Се приблжува светскиот ден на борбата против сидата - 1 деќември - денот кој во последниве години носи само црни бројки на заболени и починати од вирусот. Африка е прва на црната листа. Но, не се откажува од борбата.Најпознатиот јужноафрикански политичар Нелсон Мендела ја предводи кампањата. Годинава ја има поддршката од многу светски познати музичари кои ќе пеат на хуманитарен концерт.
Боно Вокс, Бјонси, Ени Ленокс, Питер Габриел се само дел од оние кои денеска ќе настапат на концертот во Кејп Таун. Именто на манифестацијата е симболично - 46664 - затворскиот број на Мендела, додека беше зад решетки поради неговата борба против апартхејдот. Пораката Мендела ја пренесе токму од островот на кој беше затворен - сидата ќе ја загуби битката исто како и апартхејдот. Африка е прва на фронтот на светската борба против сидата изјави Мендела и додаде:
"Јужна Африка водеше благородна борба рпотив злото на апартхејдот, но денеска сме соочени со уште поголема закана која е на толку високо ниво што ни ја загрозува иднината". Африка е најпогодената земја од вирусот на сидата. 5 милиони од 45 милиони Африканци се заразени. За Мендела денешниот концерт - кој ќе биде пренесуван и на музичката телевизија ЕМ ТИ ВИ - е доказ дека меѓународната солидарност се уште може да биде модел за борба против големите проблеми.