1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Менаџерите „ја менуваат страната“

Менаџери, кои се грижат за бездомници, членови на управни одбори кои се грижат за млади наркозависници. Преку проектот „Менување на страните", раководни лица и млади менаџери собираат специјални искуства.

default

„Менување на страните“ е концепт за натамошно образование, создаден специјално за луѓе на раководни функции во сферата на стопанството. Менаџерите минуваат една недела во практична работа во различни социјални области, за да се запознаат и со други начини на живот. Во проектот учествуваа многу менаџери, меѓу нив и вработените во ЕРГО АГ, еден од најголемите концерни за осигурување во Германија. Барбара Цастроцински, менаџер за информатичка технологија, работеше една недела во советувалиштето „Хоризонт" во Диселдорф и се запозна со бездомници и со луѓе кои бараат живеалиште.

Луѓето се повеќе од ресурси

Од 2002 година Барбара Цастроцински е раководител во фирмата „Итерго GmbH“ во Диселдорф. Претпријатието е фирма-ќерка на ЕРГО АГ. Како „ај-ти“ менаџер таа е одговорна за развојот на интерната информатичка технологија во концернот. Барбара има 55 соработници. Во рамки на понудата за натамошно образование од нејзиното претпријатије, таа учествуваше во проектот „Менување на страните“. Во советувалиштето „Хоризонт" во Диселдорф се грижеше за бездомниците и другите социјално запоставени групи. „Моето интересирање главно произлегува од ситуацијата, дека како менаџер со

SeitenWechsel Barbara Zastrozynski

Барбара Цастроцински во советувалиштето „Хоризонт“

текот на времето се‘ повеќе раководиш целно ориентиран и на луѓето гледаш како на ресурси. Сакав всушност да им се вратам на луѓето кои стојат зад еден од таканаречените ресурси, што ние ги планираме во проектите", вели таа.

Барбара Цастроцински една недела делеше храна, вареше кафе и учествуваше на советувањата. Менаџерката се соочи со луѓе и нивни проблеми, какви не и’ беа познати од нејзината работа. Таа се нурна во еден паралелен свет и запозна мажи и жени кои секој ден се борат да преживеат. „Она што го видов тука, емотивно многу ме погоди. Особено тоа што го видов на улиците, заедно со социјалните работници, толку ме преокупира, што тоа попладне не можев дома да работам, дури и да сакав. Не ги познавав ни местата, ни луѓето со кои контактирав, ниту нивната социјална положба", вели Барбара.

Менаџерите учат како да се самодисциплинираат

Идејата за овој проект, наречен „Менување на страните“, потекнува од Швајцарија. Тој е посебно конципиран за раководители од стопанството, за да се подобри нивната социјална компетенција. Од пред девет години е воведен и во Германија и досега во него учествуваа речиси 1000 менаџери од цела Германија. И ЕРГО АГ редовно ги испраќа своите менаџери на овој поинаков начин на доусовршување. Осигурителниот концерн има претставништва во повеќе од 30 земји во светот и остварува промет од 17,5 милијарди евра годишно. Марио Фаупел, раководител на академијата за менаџери, објаснува што добиваат менаџерите од ова доусовршување: „За нас, на пример, е важно менаџерите да видат дека раководењето, кое во многу нешта е тешко и бара решавање на проблемите, е мал предизвик во споредба со однесувањето со наркозависници, или да видат дека на инвалидите им е значително потешко да си

SeitenWechsel Eingang zur ERGO AG

Концернот плаќа 2500 евра за секој што ќе земе учество во „Менување на страните“

го уредат секојдневието. Ние сметаме дека, преку овој контраст, менаџерите можат многу да научат како да се самодисциплинираат во секојдневието и полесно да излезат на крај со своите, наводно, полесни раководни задачи."

Марио Фаупел го организира проектот во рамки на концернот. Концернот плаќа 2500 евра за секој што ќе земе учество во проектот. И покрај трошоците, тој смета дека менувањето на страните е придобивка за компанијата. Тој би сакал што повеќе луѓе на раководни функции да земат учество во проектот за да можат понатаму да ги пренесат неверојатните искуства. Само кога повеќе луѓе би се осмелиле да земат учество во овој проект, би можеле тие и нивните соработници ефективно да профитираат од него.

Автор: Лејла Винтер / Ана Алибегова

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска