1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Мелкерт бара јасен став за Косово

*

Помошникот на генералниот секретар на ОН и администратор на програмата за развој (УНДП) Ад Мелкерт оцени денеска во Приштина дека е важно да биде одобрена резолуција за Косово во Советот за безбедност. “Важно е околу тоа прашање да има јасен став, кој би помогнал за стабилност на регионот”, рече Мелкерт. На почетокот од дводневната посета на Косово тој беше во селото Видање и во Клина за непосредно да се запознае со текот на процесот на враќање и интегрирање на Србите.