1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Мелбурн - град од соништата

Мелбурн втора година по ред е прогласен за најпосакуван град за живот според листата на Економист Интелиџенс Јунит.

Истражувањето на Економист Интелиџенс Јунит е спроведено врз основа на критериумите: стабилност, здравствена заштита, култура, заштита на животната средина, образованието и инфраструктурата.

Во годинешната анкета се најдоа 140 градови, а Мелбурн победи убедливо со 97,5 отсто гласови, иако загуби одредени бодови поради климата, културата, ситниот криминал.

На второ место на најпосакувани градови е Виена, а трет е Ванкувер, кој во претходните години го заземаше првото место. Меѓу првите десет се најдоа и Торонто, Калгари, Сиднеј, Хелсинки, Перт и Оукленд.

Од градовите од Балкан единствено Белград се најде меѓу првите 100, заземајќи го 99-то место.

На дното на ова листа се Лагос, Хараре, Карачи, Алжир, Техеран и Триполи, а на последно место е главиот град на Бангладеш, Дака.