1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

„Меланхолија“- најдобар европски филм за 2011

Филмот „Меланхолија“ на данскиот режисер Ларс фон Трир е прогласен за најдобар европски филм во оваа година на 24-то доделување на наградите на Европската филмска академија што се оддржа синоќа (03.12) во Берлин.

default

Берлинскиот Темподром изгледаше величествено на вчерашното доделување на наградите

Ларс фон Трир не присуствуваше на доделувањето на наградите во Берлин,
бидејќи одлучи јавно да не настапува откако летово беше отстранет од
филмскиот фестивал во Кан поради изјави коишто беа карактеризирани како
пронацистички. Наградата во негово име ја прими неговата сопруга Бенте Фроге. Таа изјави дека Ларс фон Трир нема никаква порака за гостите на гала свеченоста во берлинскиот Темподром, бидејќи одлучил повеќе да не дава никакви изјави. „Тој само ми порача пријателски да и мафнам на публиката и да кажам дека е многу среќен за наградата“, рече сопругата на Ларс фон Трир.

Film Melancholia Lars von Trier

Сцена од филмот „Меланхолија“

Британци ги освоија наградите за најдобри улоги

Меѓутоа, фон Трир не победи и во конкуренцијата за најдобар режисер. Неговата сонародничка од Данска, Сузане Биер ја понесе титулата најдобар европски режисер за филмот „Во подобар свет“, кој е добитник и на Оскарот за најдобар филм од неанглиското подрачје.

Најдобра актерка е Тилда Свинтон за улогата во филмот „Мораме да разговараме за Кевин“, а најдобар актер е Колин Фирт за ролјата во „Говорот на кралот“, кој за истата улога веќе е награден со Оскар. Филмот „Говорот на кралот“ ја доби и наградата на европската публика за најдобар филм.

Утеха и за германските домаќини

Verleihung 24. Europäischer Filmpreis in Berlin

Германскиот режисер Вим Вендерс по примањето на наградата

Наградата за најдобар документарен филм ја доби германскиот режисер Вим Вендерс за „Пина“, посветен на прочуената кореографка од Вупертал- Пина Бауш.   „Пина ни недостасуваш“ изјави една од танчерките од ансамблот на Пина Бауш која почина во 2009 година. Вендерс, кој како претседател на Европската филмска академија не беше само домаќин на манифестацијата туку трепереше во исчекување на прогласувањето на победниците по освојувањето на наградата изјави: „Многу, многу, многу сум и’ благодарен на Пина Бауш“.

Наредната година во Малта

Lars Von Trier Regisseur Dänemark

Ларс фон Трир остана дома

За најдобари европски сценаристи се прогласени браќата од Белгија, Жан-Пјер и Лик Даден за „Момчето со велосипед“.

Наградата за животно дело пак годинава отиде во рацете на британскиот режисер Стивен Фриерс -„Кралицата“ кој во филозофски стил порача: „Јас правам ведри филмови зашто не можам повеќе да го издржам премрежјето“.


Европските филмски награди секоја година ги доделува Европската филмска
академија и филмските професионални работници од целиот континент. Наредната година церемонијата на доделување на Европските филмски награди ќе се оддржи во Малта

Автор:Симе Недевски / АТ/ дпа/ макфакс

Редактор: Александра Трајковска