1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

„Меланхолија“ е филм на годината

Американските филмски критичари го прогласија филмот „Меланхолија“ на Ларс фон Трир за најдобар филм на 2011 година.

default

Сцена од филмот „Меланхолија“

58-те членови на Националното здружение на филмски критичари (НСФЦ) сметаат дека филмот „Меланхолија“ бил најдобро филмско остварување во изминатата година. За својата улога во тој филм, Кирстен Данст е прогласена за најдобра актерка во 2011-та. Најдобар актер во зиминатата година, според американските критичари, бил Бред Пит, со неговите улоги во „Уметноста на победувањето“ и „Дрво на животот“. НСФЦ за најдобар режисер го прогласи Теренс Малик за филмот „Дрво на животот“.

Наградите за најдобра споредна филмска улога во 2011 им припаднаа на Алберт Брукс за остварувањето во филмот „Возење“ и на Џесика Честејн за улогата во „Дрво на животот“. За најдобар документарен филм е прогласен „Пештерата на загубените сништа“ на Вернер Херцог.

Данскиот режисер Ларс фон Трир предизвика скандал на филмскиот фестивал во Кан изминатата година, поради тоа што во едно интервју изрази разбирање за Адолф Хитлер. Поради тоа беше отстранет од фестивалот.

Автор: ЕМФ/дапд/миа

редактор: С. Недевски