1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Мексико доби нов претседател

Со јасна победа поранешната владејачка партија Институционална револуција се врати на власт во Мексико. Граѓаните се надеваат на подобри времиња и пред се’ на прекин на насилството.

Дванаесет години откако ја загуби власта партијата Институционална револуција се враќа на чело на државата. Нејзиниот кандидат Енрике Пена Њето, 45 годишниот адвокат, е победник на вчерашните претседателски избори во Мексико. Во првичната реакција Пена Њето ги повика неговите приврзаници на единство и помирување: „На овие избори победија демократијата и Мексико“, изјави тој.

Според службените резултати Пена Њето освоил 37,9 проценти гласови. Овој резултат е недостижен за неговиот најголем конкурент Андрес Мануел Лопез Обрадор од левичарско ориентираната партија Демократиска револуција, кој освоил окоу 31 процент гласови, како и за Жозефина Васкес Мота, која беше кандидат на партијата Национална акција, а е поддржана со 25 проценти од гласовите на избирачите.

Изборната победа на Пена Њето значи повтоно заживување на партијата Институционална револуција, која во земјата авторитарно владееше 71 година од 1929 до 2000 година. 2000 и 2006 година партијата доживеа пораз. Пена Њето го наследува претседателот Филипе Калдерон, кој ја извршуваше функцијата од 2006 година. Калдерон кој кој немаше право да се кандидира на изборите му честиташе на Пена Њето и вети поддршка за владата до предавање на власта во декември годинава.