1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Мекнамара бара прием на Македонија во НАТО

Американскиот претседател Барак Обама да демонстрира лидерство на НАТО-самитот во Чикаго во мај оваа година и да се заложи за прием на Македонија во Алијансата, повикува Сали Мекнамара од фондацијата „Херитиџ“.

default

Во писмо на Мекнамара, објавено од Фокс Њус, таа потсетува на неодамнешната пресуда на Меѓународниот суд на правдата во Хаг во врска со случувањата на самитот во Букурешт во 2008 година и посочува дека, и покрај тоа, продолжува грчката блокада за Македонија. Во 20 години, Македонија еволуираше од балканско буре барут во извозник на безбедност, обезбедувајќи придонес во мисијата на НАТО во Авганистан четврт по големина по глава на жител (дури иако не е ни член на НАТО). Македонија дури придонесе за војната во Ирак, кадешто нејзините војници се бореа рамо до рамо со американските трупи на теренот. На тој начин, според Мекнамара, Македонија ги исполнила критериумите за членство во Алијансата.

„Проширувањето на НАТО во изминатите неколку години за жал е запоставена тема. Претседателот Барак Обама мора да го искористи моментот и да ја повтори заложбата за отворени врати на Алијансата за идните членки кои го заработија нивното место во евроатлантското семејство“,истакнувааналитичарката на „Херитиџ“.

Во мај во Чикаго, според неа, претседателот Барак Обама ќе има можност да застане не само зад фер однос кон Македонија, туку и зад нешто многу поважно - визијата на Европа цела слободна и во мир:

„Во последните години ниту една земја повеќе од Грција не добила поголема помош од меѓународната заедница. Без глобалната финаниска поддршка, која вклучува десетици милиони долари од САД, преку ММФ, Атина не ќе можеше да си ги плаќа сметките. Деновите кога НАТО државите се чувствуваа принудени да и‘ дозволат на Грција да прави опструкции во регинот се одамна завршени“, заклучува Сали Мекнамара во анализата за „Фокс Њус“.

Автор: ЖА/макфакс/миа

Редактор: Б. Георгиевски