1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Меккејн сака да стане претседател на сите Американци

„Промена“ стана главното мото на американските претседателски избори во ноември. И кандидатот на Републиканците, Џон Меккејн на крајот од изборната конвенција и’ најави борба на бирократијата во Вашингтон.

default

Џон Меккејн и сопругата Синди на изборната конвенција на Републиканската партија

Тоа требаше да биде вечер посветена на главниот кандидат на републиканската партија за претстојните претседателски избори, Џон Меккејн. Но, на почетокот 20.000 делегати прво го скандираа името на неговата кандидатка за заменик претседател на САД, Сара Пејлин.

Повод за скандирањето беше спомнувањето на Сара Пејлин од страна на сопругата на главниот кандидат Џон Меккејн во нејзиниот говор пред делегатите. Веднаш потоа тие се потрудија да му приредат и нему френетичен дочек:„Ви благодарам многу... Вечерва ја имам честа што ја добиваат само малку Американци, да ја прифатам кандидатурата за иден претседател на САД.“


Помирливи тонови кон против-кандидатот Обама


Во говорот пред делегатите Џон Меккејн се осврна и на конкурентот Барак Обама од Демократската партија. При тоа му укажа голема почит и одушевување: „Со Обама има повеќе сличности, отколку разлики“ – нагласи Меккејн, кој се обиде во говорот да се профилира како некласичен Републиканец, како човек од центарот на општеството, кој е интересен како политичар и за избирачите на Демократската и за оние на неговата, Републиканска патија.

И критики на сметка на сопствената партија

За таа цел Џон Меккејн упати и критика на сметка и на сопствената партија: „Ја изгубивме довербата на американскиот народ, бидејќи некои Републиканци му подлегнаа на искуешнието на корупцијата.“

За да се ослободи од политичкото бреме на неговиот сопартиец Џорџ Буш, Меккејн упати и тешки критики на адреса на администрацијата во Вашингтон, како и на неговата владеачка партија. „Ја изгубивме довербата бидејќи ни беше поважна нашата моќ, отколку нашите принципи!“

Одмерено дистанцирање кон Буш

Главниот кандидат на Републиканците сепак не се впушти во фронтален напад и конкретна критика на сопартиецот Буш, туку порача дека во иднина има намера да ги корегира грешките од минатото. За таа цел тој е подготвен на соработка со опозиционата Демократска партија. Значи, главната порака на Џон Меккејн во предизборната трка што се засилува е: Меккејн е надпартиски борец за подобра Америка! Тој е голем патриот, борец од Виетнам кој со години бил малтретиран како воен заробеник и затоа се залага за затворање на озлогласениот затвор на Гвантанамо. Тој дури изјави пред делегатите дека ја мрази војната.

Но, вистински овации Меккејн предизвика со изјавата дека неговите сопартијци никогаш не смеат да се предадат и да се откажат од борбата:„Ние сме Американци и никогаш не се откажуваме. Никогаш не се криеме од историјата, туку активно да ја создаваме!“