1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Меккејн: „Промената доаѓа“

Конвенцијата на американските Републиканци во Сент Пол во сојузната држава Минесота, ја доживеа кулминацијата со настапот на Џон Меккејн, кој беше со воодушевување поздравен од делегатите.

default

Меккејн - настап на конвенцијата на Републиканците

Џон Меккејн ја прифати номинацијата за претседателски кандидат и искажа уверување во успех на претседателските избори на 4-ти ноември. На политичката елита во Вашингтон и’ упати предупредување дека со него „доаѓа промена“: „Дозволете ми да ја предупредам старата вашингтонска толпа, која е навикната да прави големи трошоци и ништо други, и да се поставува себе си на прво место, а татковината на второ – промената доаѓа“, нагласи сенаторот од Аризона. Меккејн себе си се означи како „единствен избор“ за гласачите кои сакаат да и’ стават крај на традицијата на политичарите кои, како што рече, „работат за себе, а не за вас“.

Претседателскиот кандидат детално ја изложи својата економска програма, со акцент врз образованието, здравственото осигурување и даночната политика. Во надворешната политика Меккејн нагласи дека сака да одржува добри врски со Русија, за да нема враќање кон студената војна, но предупреди и дека нема да дозволи незаконска агресија од руска страна. Меѓу плановите за кои зборуваше Џон Меккејн е и намалување на американската помош за странство: „Ќе го запреме испраќањето по седум милијарди долари на земји кои не не сакаат многу“, вети кандидатот на републиканците за иден американски претседател.

►◄