1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Меимаракис ќе работи на клима на доверба

Новиот претседател на грчкиот парламент Меимаракис одговори на писмото од својот македонски колега Вељаноски - ќе работел на создавање клима на доверба меѓу двете земји.

„Верувам дека развојот на добрососедските односи е од огромно значење. Довербата којашто е изградена врз основа на конструктивни активности и вистински намери е најдобар начин да се осигури ветувачка и светла иднина за сите граѓани од нашиот регион“, вели претседателот на Парламентот на Република Грција Евангелос Василеос Меимаракис во одговорот до неговиот македонски колега Трајко Вељаноски, по повод честитката за неговиот избор на функцијата.

Verteidigungsminister in Griechenland Evangelos Meimarakis

Евангелос Василеос Меимаракис

Првиот човек на грчкиот парламент со ветување дека ќе работи на креирање клима на доверба меѓу Република Грција и Република Македонија.

„Како претседател на грчкиот парламент ќе ја употребам моќта којашто ми е доделена од граѓаните за да го олеснам креирањето клима на доверба и соработка меѓу нашите две земји“, вели Меимаракис.

Тој се заблагодарува и на поканата да ја посети Македонија, којашто, како што вели, многу сериозно ќе ја разгледа во рамките на неговите обврски.

Евангелос Василеос Меимаракис, кој е член на Нова демократија, беше избран за спикер на новиот состав на грчкиот Парламент на крајот од јуни.