1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Медијаторот Нимиц во Македонија

Преговарачот на ОН Метју Нимиц од денеска започнува нова рунда преговори со властите во Македонија и Грција за изнаоѓање решение за повеќегодишниот спор меѓу двете земји околу уставното име на Република Македонија.

default

Метју Нимиц

Специјалниот посредник на Обединетите нации во спорот за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц денеска (06.07.09) ќе пристигне во Скопје. Предвидено е Нимиц да се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, со премиерот Никола Груевски и со министерот за надворешни работи Антонио Милошоски.

По Скопје, Нимиц ќе отпатува за Атина, каде ќе биде примен од министерката за надворешни работи Дора Бакојани и од преговарачот Адемантиос Василакис, јавуваат грчките медиуми.

Реакција на МАНУ

Во Скопје не стивнуваат реакциите во научните кругови. МАНУ со соопштение минатата недела одговори на група американско-канадски историчари, кои од претседателот Обама побараа да ја преиспита одлуката за признавање на Македонија под уставното име. Македонија и македонскиот јазик се реалност и никој не може да го ускрати правото на самоопределување, напишаа македонските академици.

Автор: АТ/АЧ/миа

DW.COM