1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Медијаторот Нимиц во Атина

Медијаторот во грчко македонскиот спор со името, Нимиц денеска е во Атина. Од премиерот Караманлис и министерката за надворешни Бакојани сака да го чуе ставот на грчката влада за неговата последна предлог рамка.

default

Медијаторот Нимиц, по Скопје денеска е во Атина

Посредникот во преговорите за решавање на спорот со името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц денеска во Атина треба да го слушне ставот на грчкиот премиер Костас Караманлис и на шефицата на грчката дипломатија Дора Бакојани за Нацрт рамката за изнаоѓање решение за разликите за името што тој ја предложи на почетокот на ноември.

Нимиц пред два дена во Скопје ги слушна аргументите на македонската страна за отфрлање на делот од Нацрт рамката која сугерира име за меѓународна употреба различно од уставното.