1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Медијаторот заминува за Солун

Посредникот на ОН во спорот со името, Метју Нимиц е уверен дека и кај Скопје и кај Атина постои желба за надминување на проблемот. Овој период е важен во преговорите и не треба да се пропушти, порача Нимиц во Скопје.

default

Метју Нимиц

Посредникот на ОН вчеравечер нагласи дека и на средбата со претседателот, Бранко Црвенковски и со премиерот, Никола Груевски, добил унифициран пристап од раководството во врска со прашањето на името. Претходно, Груевски ја обвини Грција дека не сака решение за името барем до изборите за Европскиот парламент, во средината на 2009 година. „Грција ќе направи овој процес во септември да не заврши успешно и виновникот да биде Република Македонија. Во дипломатските кругови е многу важно кој е виновникот, иако тоа не е пресудно“, изјави Груевски.

DW.COM