1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Медицинските сестри и лекарот помилувани во Бугарија

По повеќе од осум години затвор во Либија бугарските медицински сестри и лекарот од палестинско потекло пристигнаа во Софија каде се помилувани. Тие во Либија беа осудени на смрт, поради наводно инфицирање деца со сида.

default

Рози за медицинските сестри

Смртната пресуда за бугарските медицински сестри мината недела беше заменета со доживотен затвор, откако претходно семејствата на жртвите добија парично обештетување.

Петте медицински сестри и лекарот, кој зема бугарско државјанство со француски авион утрово слетаа на аеродромот во Софија. Во авионот беа и сопругата на францускиот претседател Сесилија Саркози и еврокомсерката Бенита Фереро Валднер која непосредно по слетуваењето во Софија истакна дека ова е среќен ден.

Фереро Валднер заедно со госпоѓа Серкози го означија овој ден како среќен ден кој ќе остане во сеќавањата, би можело да се каже благодарејќи на хуманитарната одлука на либиската влада и колективниот напор на многи земји членки на Европската унија, смета Фереро Валднер. Радоста беше голема и кај роднините и пријателите кои ги пречекаат медицинските сестри на аеородомот во Софија.

Бугарскиот претседател Парванов од своја страна пак оцени дека враќањето на медицинските сестри означува крај на како што рече овој драматичен случај во кој беа обвинети невини буграски државјани.

Францускиот претседател Никола Саркози и претседателот на комисјата на ЕУ Жозе Мануел Баросо во соопштение од Брисел ја поздравија постигната согласност, која овозможи враќање на Бугарките во нивната татковина, истовремено го пофалија и спорведувањето на подобрена медицинска гржа за децата заболени од сида.

Претседателот на Комисијата Баросо на прес конференција во Брисел го истакна ангажманот на сите и рече „Ова за нас во Европа е момент на олеснување и на среќа. Би сакал да испратем порака на солидарност и пријателство до бугарските граѓани кои денеска може да бидат обединете во среќа. Овој среќен крај дојде како резултат на европската солидарност и кулминација на долг процес во кој никогаш не се откажавме.“ рече Баросо.

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнамер истакна дека ова е ден на радост за Бугарија и за сите кои се заложија за ослободувањето на нашите европски сограѓани рече Штајнамер. Според министерот со ослободувањето Либија постави нови темели за односите со Европската унија.