1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Медиумскиот простор во Македонија треба да биде отворен

Комисијата за култура и медиумите на ПС на Советот на Европа го усвои извештајот за слобода на медиумите во Европа, Македонија се посочува во земјите каде во изминатиот период е забележано серизно кршење на овие слободи.

default

Шведскиот пратеник Матс Јохансон

Извештајот за Состојбата со слободата на медиумите во Европа на шведскиот парламентарец Матс Јохансон се темели врз трудот на Вилијам Хорслеј претставник за слободата на медиумите од Европската асоцијација на новинарите и Меѓународен директор на Центарот за слобода на медиумите при универзитетот од Шефилд.

„Се разбира, во различни земји има различни проблеми, но општиот тренд е загрижувачки, бидејќи оди во погрешна насока. Ова и покрај сите добри резолуции во СЕ. Тоа е всушност борба за моќ во сите овие земји, но ние во Парламентарното Собрание на Советот на Европа, продолжуваме да известуваме и да им препорачуваме на владите во овие земји кои ги именуваме за да преземаат соодветни акции“, вели Јохансон за Дојче Веле.

Проблеми со дозволите за работа на медиумите во Македонија

Во извештајот на ПССЕ во кој е покриен периодот од 2010 до 2012 година,  се посочува и Македонија, како една од европските земји „каде е забележано сериозно кршење на слободата на медиумите“. Тука пред се’ станува збор за „осиромашувањето на медиумскиот пејсаж“ со затворањето на А1  и трите дневни весници.

Europarat

Седиштето на Советот на Европа

„ Знам дека Македонија има проблем со дозволите за работа, а и во други земји има тв и радио станици затворени од владите. Тоа не е идејата на Советот на Европа, ние сакаме да се отвораат, да видиме повеќе тв станици, повеќе радиа, а не владите да ги затвораат. Исто важи и за печатените медиуми. Просторот треба да биде отворен. Треба слобода на говорот дури и за лошите идеи“ , нагласува известувачот и додава:

„ Проблеми има и во многу други земји,  дури и во стара Европа. Дискутиравме за Велика Британија, Италија и други европски земји. Не е само за новите демократии, но сепак главните проблеми се со новите членки на Советот, бидејќи старите членки имаа доволно време да ги усвојат правилата на ‘клубот'. Не го издвојуваме Балканот како таков, но има консултации за проблеми во Русија, Турција, Унгарија и некои од балканските земји.“

Препораки за надминување на слабостите

Во усвоената резолуција има серија на препораки до земјите членки на Советот на Европа за надминувањето на констатираните слабости, меѓу кои независноста на медиумите и судирот на интерси меѓу сопствениците и политичарите. Потоа, како пособен проблем е тешката „несигурна“ ситуација на новинарите, каде професионалниот квалитет и деонотологија често се  загрозени и злоупотребувани од сопствениците на медиумите и групите на политички или комерцијални интереси. Притоа се советува државите членки да внимаваат да се почитуваат одредбите на Европската ревизирана социјална повелба при вработувањето на новинарите.

Но за тоа дали овие препораки ќе бидат следени, Матс Јохансон оценува:

„Не сите, се разбира, затоа се прават овие препораки. Ако секоја влада ги следи нашите препораки, тогаш нема да има проблеми. Но, со оглед дека не ги следат, а дали мораат, ако сакаат да бидат дел од овој клуб мора да го сторат тоа. Тоа е случајот со Русија, се разбира дека руската влада не сака да не слуша, но тие се овде, мора да слушаат, мора да реагираат, и ако не го сторат тоа ќе имаме нова дебата за слободата на медиумите и за земјите кои не слушаат.“

Подетално еволуцијата на ситуацијата со слободата на медиумите во Македонија, ПССЕ ја обработува во постмониторинг процедурата која се води за Македонија, за што извештајот се очекува да биде разгледуван на пленарна сесија во текот на идната година.

Поврзана содржина