1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Медиумска слобода во Македонија

Собранието на Република Македонија, на предлог на опозицијата, расправа по информацијата за состојбата на медиумите.

default

Ана Павловска-Данева како претставник на опозицијата  обвини дека во Македонија владее медиумски мрак, се уништува професионалното новинарство и се затвораат медиумски куќи кои биле критички настроени кон власта. Таа укажа дека рејтингот на Македонија на листата на „Репортери без граници“ е двојно опаднат и дека сега државата се наоѓа на 68 место.

Тито Петковски од НСДП забележа дека нема демократија кога има контрола врз медиумите и оти основниот избор на новинарот е партиската припадност, а не неговата професионалност.

Силвана Бонева од владејачката ВМРО-ДПМНЕ реплицира дека во државата постојат голем број медиуми кои јасно ги презентираат ставовите на опозицијата, па е смешно да се каже дека на опозицијата и‘ се ускратува правото да стигне до граѓаните со своите ставови. Во Македонија нема затворен ниту еден медиум затоа што ја напаѓал власта и кажал работи што не и‘ се допаѓале на власта, нагласи Бонева и и’ префрли на опозицијата дека има за цел да се создаде перцепција дека нема слобода на медиумите, што, според неа, не соодвествува со реалноста.

По редовната едночасовна пауза продолжува расправата по оваа точка од дневниот ред.

Автор: ЗЈ/ЖА/миа

Редактор: Жана Ацеска