1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Медиумската ситуација во Македонија не се подобрува

По минатогодишниот спектакуларен пад на Македонија на листата на Репортери без граници за слободата на печатот за дури 34 места, ситуацијата и годинава не е многу подобрена. Слично e и во другите балкански земји.

Контролата на јавните медиумски сервиси или на приватните медиуми, преку добро пресметани рекламни буџети на државните институции, врските меѓу политичкиот и судскиот свет во овие земји ја прават работата на новинарите на Балканот се‘ потешка, оценува организацијата Репортери без граници на денешниот 3 мај, Меѓународен ден на слобода на печатот.

Македонија за една година од 34-то се најде на 68-то место на листата на земјите направена врз основа на оценките за слободата на печатот.

Македонија за една година од 34-то се најде на 68-то место

Македонија за една година од 34-то се најде на 68-то место

„Неодамна примивме делегација на македонски новинари и внимателно следиме што се случува со телевизијата А1. Финансиската контрола на претпријатијата на групата на која и‘ припаѓа оваа телевизија ја прави ситуацијата уште посложена и не знаеме дали станува збор за цензура на медиумот или не. Македонија, како и другите земји од Блаканот, е во сложена ситуација. Во Македонија и во другите балкански земји има новинари кои дел од платите ги добиваат во купони за прехранбени производи, оваа нивна економска ранливост создава ситуација на платеничко новинарство. Така има новинари кои се шетаат во автомобили кои ниту еден западен новинар не можи да си ги плати со неговата плата, а од друга страна има новинари кои не можат да дојдат до задоволувачки личен доход“, вели Оливие Базил задолжен во Репортери без граници за земјите од Балканот.

Потребни се повеќе странски инвестиции во медиумите на Балканот

За состојбата на новинарите во целиот регион Базил оценува:

„Има новинари кои редовно добиваат анонимни закани, често и кон членови на нивните семејства. Притисоците не се секогаш директни врз печатот, тие се и

Притисоците врз медиумите на Балканот се и директни и индиректни

Притисоците врз медиумите на Балканот се и директни и индиректни

индиректни кон семејствата или нивните активности, посебно во земји каде добар дел од населението зависи од јавните финансии и стравува за својата работа.“

Репортери без граници со жалење констатира дека во земјите од Балканот, со исклучок на присутноста на ВАЦ, не постои друга странска медиумска група која би можела да помогне со поголеми инвестиции за да се постигне поголема независност на медиумите.

„Го засиливме нашето следење на земјите од Балканот кои имаат амбиции еден ден да станат членки на Европската Унија. Но ги согледавме грешките кои беа направени со Бугарија и Романија, кои не ги имаа исполнето критериумите за слобода на печатот. Таму и денес постојат огромни проблеми. Затоа балканските земји и нивните раководни политички и економски класи кои се тесно поврзани, треба да сфатат дека членството во ЕУ нема да може да се реализира без целосно почитување на слободата на печатот и изразувањето“, нагласува претставникот на Репортери без граници во разговорот за Дојче Веле.

Автор: Тони Гламчевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска