1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Медиумите тврдат: Гадафи е убиен при бегство!

Според непотврдени извештаи на повеќе теливизиски станици, либискиот екс-властодржец Моамер Гадафи бил убиен при обид за бегство од неговиот роден град Сирт, кој падна во рацете на новите либиски власти.

default

Противречни информации ѕа судбината на Гадафи

Гадафи бил откриен во завршницата на борбите што со недели се водат околу неговиот роден град Сирт. Денеска востаниците дефинитивно го скршија отпорот на силите лојални на Гадафи и го ослободија градот, при што колона возила се обидела да го напушти. Во престрелката „лидерот на револуцијата“, полковникот Моамер ел Гадафи бил ранет во нозете.

Мохамед Леит, еден од командантите на Преодниот совет, пак за новинската агенција АФП изјави дека лично го видел Гадафи. „Тој е тешко повреден, но уште диши“, изјави Леит и додаде дека Гадафи носел униформа и турбан на главата.

Libyen Jubel in Sirte nach der Festnahme von Muammar al Gaddafi

Во Сирт веќе се слави крајот на ерата на Гадафи

Засега нема потврда од независен извор на информациите за апсењето или загинувањето на Гадафи. Доколку бидат потврдени, тогаш со неговото апсење или смрт и со паѓањето на последниот град што пружаше отпор, дефинитивно ќе биде завршена ерата на Гадафи во Либија.

Во борбите околу Сирт загинал и поранешниот министер за одбрана на Гадафи, Абу Бакер Јунис Џабир, соопшти лекарски извор.

Завршница на револуцијата

Во средината на февруари во Либија почнаа масовни демонстрации, со кои се бараше повлекување на Гадафи од власта по 42 години. Тие подоцна прераснаа во вооружен судир меѓу владините сили и опозицијата. Во текот на речиси девет месеци силите на Преодниот национален советот успеаја да воспостават контрола врз целата територија на Либија. Пресвртна точка во борбата против силите на соборениот режим претставуваше моментот во третата седмица од август, кога опозициските сили со поддршка од воздух на НАТО го зазедоа либискиот главен град Триполи.

За сега нема веродостојна потврда за апсењето на Гадафи, за кого претставници на Советот во четвртокот по заземањето на Сирт, рекоа дека се сомневаат оти тој се крие во либискиот дел од пустината Сахара.

Автор: ЖА/ГЧ/дпа/афп/макфакс

Редактор: Жана Ацеска

DW.COM