1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Медиумите победија во Стразбур

Медиумското покривање на приватниот живот на личностите е прифатливо, ако тоа се совпаѓа со општиот интерес и ако има разумна урамнотеженост со почитувањето на приватноста, пресуди Европскиот суд за човекови права

default

Судот за човекови права во Стразбур

Во првиот предмет Аксел Спрингер АГ против Германија, Судот пресуди со мнозинството од гласовите дека имаше кршење на членот 10 (слобода на изразување) на Европската конвенција за човекови права. Во вториот случај Фон Хановер (бр.2) против Германија, Судот едногласно заклучи дека немаше кршење на членот 8 на Конвенцијата (право на почитување на приватниот и семејниот живот).

Во двата случаи станува збор за објавување на новинарски статии, додека во вториот и за објавување на фотографии во кои е претставен приватниот живот.

Случајот Аксел Спрингер АГ

Жалбата во Стразбур ја поднесе Аксел Спрингер АГ , издавачот на „Билд“ еден од највисокотиражните германски весници. Во септември 2004 година „Билд“ објави една статија во која стануваше збор за апсењето на еден познат телевизиски актер поради поседување на кокаин, во еден од шаторите на празникот на пивотот во Минхен. Потоа следеше една друга статија, многу подетална со фотографии од лицето, кој играше улога од 1998 година на полициски комесар во една позната германска тв серија. Весникот откри дека лицето веќе било осудено во 2000 година на условна казна затвор поради поседување на наркотични средства. Во јули 2005, „Билд“ објавува втора статија од која произлегува дека лицето Х бил прогласено за виновно и откако го признало тоа, било осудено на парична казна.

Лицето Х, веднаш по овјавувањето на првата статија поднесе тужба против Аксел Спрингер АГ, со која бараше забарна на објавување на нови статии и фотографии, што беше прифатено од регионалниот суд во Хамбург. Забраната за објавување на текстови и фотографии била потврдена и од Апелациониот суд од Хамбург.

Deutschland Berlin Medien Verlagshaus Axel Springer

Судот оцени дека правото на лицетот Х на заштита на неговата личност го надвладува интересот на јавноста да биде информирана, па дури и кога вистинитоста на настаните не се оспорени. Оваа пресуда на судовите од Хамбург беше потврдени и од Федералниот суд на Германија, додека Уставниот суд одби да ја разгледа жалбата на Спрингер. По што Спрингер поднесува жалба пред Судот во Стразбур.

Случајот Хановер бр.2

Во овој предмет жалители се принцезата Каролина фон Хановер, ќерка на принцот Рение III од Монако и нејзиниот сопруг Ернст Аугуст фон Хановер.

Принцезата Каролина уште од деведесетите години се обидува да го забрани објавувањето на фотографии од нејзиниот приватен живот. Две серии на фотографии објавени во германскиот печат во 1993 и 1997 во германски магазини, доведоа до три судски процеси во Германија, со пресуди од Германскиот федерален суд, при што беа отфрлени барањата на тужителите. А Европскиот суд за човекови права на 24 јуни 2004 година констатира дека спорните судски одлуки го повредиле правото на принцезата Каролина на почитување на приватниот живот, така како што е гарантирано со членот 8 од конвенцијата.

Повикувајќи се на оваа пресуда, Каролина и Ернст Фон Хановер подоцна поведуваат повеќе граѓански судски постапки со цел да го забранат објавувањето на други фотографии, направени без нивно одобрување и објавени во германските магазини „Фрау им Шпигел“ и „Фрау Актуел“ меѓу 2002 и 2004.

Во пресудата на федералниот суд, која се однесуваше на фотографијата на која принцезата Каролина и нејзиниот сопруг се шетаат за време на нивниот одмор во Сант-Морис. Фотографиите беа придружени со текст, во кој се зборува за влошената здраствена состојба на нејзиниот татко во 2002, Судот од Германија во пресудата рече дека „болеста на принцот претставува настан од општ интерес и дека следствено со тоа печатот има право да пишува за тоа како неговите деца го живеат тоа“. Уставниот суд на Германија ја отфрла жалбата на Каролина во однос на истата проблематика. По што таа правда повторно побара во Стразбур.

Одлуките на Судот се во полза на медиумите

За двата предмети се произјасни Големиот судски совет на Европскиот Суд за човекови права во кој заседаваат 17 судии.

Prinzessin Caroline

Принцезата Каролина од Монако

Во случајот со Аксел Спрингер, Судот од Стразбур не се зафаќа со расправата меѓу двете страни дали германските судски одлуки се мешање во правото на Спрингер на слобода на изразување, ниту пак го оспори мешањето предвидено со германскиот закон, за заштита на угледот на трето лице.

Сепак во конечниот заклучук се вели дека „рестрикциите кои му беа наметнати на Спрингер не беа разумно пропорционални на легитимната цел за заштита на приватниот живот на актерот. Односно дека со тоа Германија го прекршила членот 10 на Европската конвенција за човекови права ( правото на слободно изразување).

Германија е осудена да му плати на Аксел Спрингер 17.734,28 евра за материјална штета и 32.522,80 евра за судски трошоци.

Во Случајот со Фон Хановер Судот не разгледуваше дали Германија ги исполнила своите обврски при извршувањњето на првата пресуда од 2004 бидејќи тоа не е под негова надлежност (тоа е под надлежност на Комитетот на Министрите на Советот на Европа), туку само врз новите судски процедури кои ги ангажирале жалителите. Така Судот од Стразбур заклучува дека германските судски власти донеле избалансирана пресуда во случајот со почитување на правотот на слобода на изразување и почитување на приватниот живот. Односно дека Германија не го прекршила членот 8 од Конвенцијата со кој се гарантира правото на приватен живот.

Автор: Тони Гламчевски

Редактор: Б. Георгиевски