1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Медиумите и човековите права одат рака под рака

Медиуми, човекови права и глобализација - тоа се темите на кои се разговара на тридневниот „Глобал медиа форум“, кој по четврти пат се одржува во Бон. На вчерашното отворање беа присутни над илјада гости од цел свет.

default

Интендантот на Дојче веле, Ерик Бетерман

Темата на овогодишниот форум е „Човековите права во глобализираниот свет - предизвици за медиумите.“ Интендантот на Дојче веле, Ерик Бетерман, вчера ги поздрави присутните на отворањето на конференцијата, осврнувајќи се во говорот на актуелните немири во Сирија и Либија, каде луѓето се борат за повеќе слобода и самоопределување. Токму за време на случувањата во арапскиот свет јасно доаѓа до израз поврзаноста меѓу медиумите и човековите права, рече Бетерман:

„Медиумите можат да бидат моќен инструмент во остварувањето на човековите права: како мост за пренос на информации и инструмент за просветлување. Социјалните мрежи, пред се`, Фејсбук, Твитер и разните блогови, поставија нови импулси. Тие се комуникативниот мотор и катализатор на протестното движење“, нагласи Бетерман.

Global Media Forum GMF 2011 Thorbjørn Jagland, Angelica Dr. Schwall-Düren, Erik Bettermann

Јагланд и Бетерман говореа на отворањето на форумот во Бон

Човековите права се природни права

Генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд, пак, во својот говор ги опиша човековите права како „трансформаторска моќ во човековата историја.“ Тие почиваат врз достоинството на луѓето и не треба да бидат обезбедени само од владите на земјите:

„Тие права се природни права. Тие се над законот. Слободата на говорот е безвременска слобода, бидејќи човековото достоинство значи човек да може слободно да говори и пишува. Располагаме со слобода на говор, бидејќи сме луѓе“, истакна Јагланд при отворањето на тридневниот „Глобал медиа форум“ во Бон.

Автор: Матијас фон Хајн/Трајче Тосев

Редактор: Жана Ацеска