1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Медведев сака да се инспирира во САД

Руско-американските односи се подобрија откако Обама стана претседател на САД. Со тридневната посета на САД Медведев сака да ја поттикне економската соработка меѓу двете земји.

default

Претседателите Дмитри Медведев и Барак Обама

Дури и во поглед на проблематични теми, како што се санкциите за Иран и Северна Кореја, Медведев и Обама најдоа заеднички ставови. Сепак, рускиот преседател во интервју за „Волстрит журнал“ изјави дека треба да се направи уште многу: „Го зајакнавме партнерството во безбедносниот сектор, но контактите на економски план не се подобрија. Секако дека ги има, има инвестиции, трговскиот обрт изнесува неколку десетици милијарди долари. Но, тоа е недостојно ниво за Русија и САД.“

Посета на славната Силиконска долина

USA Wissenschaft Stanford-Universität Wiege des Silicon Valley

Силиконската долина настана на Унивезитетот Станфорд

При тридневната посета на Америка, која почна вчера (22.06), Мадведев пред се‘ сака да се заложи за подобри економски односи. Во неговата делегација се наоѓаат бројни руски топ-менаџери од областа на енергетиката, земјоделството, истражувањето на вселената и информатичката технологија. Рускиот претседател сака да добие нови инспирации пред се‘ во областа на новите технологии. Затоа посетата на славната Силиконска долина, каде е сконцентриран американскиот научен потенцијал, се наоѓа на прво место на дневниот ред.

Медведев, кој и самиот е поддржувач и корисник на дигиталната техника, се стреми кон модернизација на Русија. Дигиталната ера во Русија треба далекусежно да се етаблира. Во истовреме, земјата треба да стане значаен центар за развој на нови технологии. „Мојата задача е во истовреме едноставна и комплицирана. Сакам да видам како фунционира Силиконската долина. Сакаме да направиме нешто слично. Нашиот проект е „Сколково“. Планираме да изградиме град на иновации во близината на Москва, каде сакаме да привлечеме приватни инвеститори, руски и странски“, изјави Медведев.

Зачленување во Светската трговска организација

WTO Hauptsitz in Genf

Главното седиште на Светската трговска организација во Женева

Покрај инвестициите, руската страна се надева на посилна соработка во областа на технологијата. Првиот зеднички проект би можело да биде конструирањето нов транспортен авион, изјави рускиот министер за надворешни работи Лавров. Оваа понуда е привлечна за американската авиоиндустрија поради атрактивната зделка со Аерофлот, кој ќе купи 50 авиони од Боинг.

Медведев уште еднаш сака да изврши притисок за зачленување на неговата земја во Светската трговска организација (СТО). Пристапувањето на Русија во оваа организација се одолговлекува со години. Рускиот претседател очекува јасен став од Обама: „Веќе долго не‘ влечат за нос околу наоколу. Многу подолго од другите големи економски земји. Притоа, во Светската трговска организација има земји-членки, чии економии не можат да се наречат пазарни економии. Тие се членки, а Русија не. Се надевам дека ветувањата кои ги добивме од владата на САД, конечно ќе бидат исполнети.“

На утрешната средба (четврток 24.6) двајцата претседатели ќе зборуваат и за исклучиво политички прашања. Меѓу другото, ќе стане збор и за крвавите етнички конфликти во Киргистан. Како Русија, така и САД имаат воени бази во оваа централноазиска земја.

Автор: Кристина Нагел / Јасна Мушиќ Јанчулева

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM