1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Медведев побара преиспитување на пресуди

Рускиот претседател на заминување Дмитриј Медведев побара од обвинителот преиспитување на основаноста на пресудата за поранешниот нафтен магнат Михаил Ходорковски, кој издржува казна затвор.

Медведев, според Кремљ, му наложил на државниот обвинител Јуриј Чајки до „1 април да ја анализира легитимноста и основаноста на пресудата“ против 32 лица, меѓу нив и Ходорковски и неговиот соработник Платон Лебедев, кои издржуваат 13 годишна затворска казна.

Претседателот на заминување со ова им излезе во пресрет на барањата на опозицијата која на 20 февруари на Медведев му предаде листа со имиња за кои смета дека се политички затвореници. Имено, ослободувањето на политичките затвореници беше едно од барањата на големите протести на опозицијата во Москва по парламентарните избори на 4 декември мината година.

Уапсен во 2003 година, Ходорковски на две последователни судења беше осуден на 13 години затвор поради перење нпари и корупција, во афера за која многумина набљудувачи сетаат дека всушност е пресметка на актуелната власт со бизнисменот, кој му се спротивстави на Кремљ и ја финансираше опозицијата.

Автор: АТ/ АМ/ бета

Редактор: Е.М.Фиданоска