1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Медведев не е за нови избори, опозицијата е разочарана

Рускиот претседател Дмитри Медведев, по најмасовните демонстрации од распадот на Советскиот сојуз, најави истрага во врска со обвинувањата за манипулации на изборите. Истовремено, тој ги отфрли барањата за нови избори.

default

Медведев: Проверка на обвинувањата, но не и нови избори во Русија

Рускиот претседател Дмитри Медведев преку социјалната мрежа Фејсбук изјави дека не се согласува со ниту едно барање произлезено од протестите во земјата. Во саботата (10.12) илјадници Руси во повеќе градови демонстрираа тврдејќи дека е извршено фалсификување на изборите од пред една недела.

Претставници на руските опозициски партии побараа синоќа од рускиот претседател Дмитри Медведев да наложи проверка на тврдењата за изборните нерегуларности и утврдување на кривична одговорност поради, како шо тврдат, фалсификување на резултатите.

Тие, исто така, изразија разочарување од реакцијата на Медведев, кој на профилот на социјалната интернет-мрежа напишал дека наложил да се испитаат „сите забелешки од избирачките места кои се однесуваат на почитување на законот за изборите“, одржани на 4 декември.

Лидерот на партијата Јаблоко Сергеј Митрохин смета дека изразувањето на мислењето на претседателот преку социјалните мрежи е „недоволно“. Тој смета дека Медведев, како гарант на Уставот, е должен да му наложи на Обивнителството и истражниот одбор да покренат кривични тужби во случаи на фалсификување и да ги проверат фактите наведени во медиумите и на Интернет.

Автор: ЖА/ ЕМФ/ дв/ миа

Редактор: Александра Трајковска