1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Медведев му даде отказ на Лушков

Рускиот претседател Дмитриј Медведев денеска (28.09) со декрет го смени градоначалникот на Москва, Јуриј Лушков, ставајќи крај на неговото 18 годишно владеење со главниот руски град. Засега нема најава кој ќе го наследи.

default

Медведев му покажа „црвен“ картон на Лушков

Медведев го потпиша декретот со кој нареди да се разреши од должноста 74-годишниот градоначалник Јуриј Лушков, бидејќи „претседателот ја загуби довербата во него“, се наведува во официјалното соопштение на Кремљ.

Лушков, кој ќе остане запаметен како политичар кој ја модернизираше Москва, но и човек со конзервативни ставови и радикални испади, вчера изјави дека нема намера да поднесе оставка откако, по серија скандали, се појавија шпекулации за неговата иднина на функцијата. Претставничката за печат на Медведев потврди дека на Лушков му била дадена шанса самиот да се повлече од функцијата.

Многумина се изненадени од одлуката на Медведев да му врачи отказ на градоначалникот. Советникот во градското собрание во Москва, Иван Новицки вели дека образложението за отказот е необично.

„Објаснувањето е чудно, бидејќи немаше настани кои ќе оправдаат една ваква одлука. Нема немири, нема вонредна состојба, ниту несреќни случаи“, вели Новицки.

Судирот меѓу Лушков, кој важеше за трет најмоќен човек во државата по премиерот Путин и претседателот Медведев, и номенклатурата во Кремљ тлееше веќе одредено време. Непосреден повод беа големите пожари и смогот кој ја задуши Москва во текот на летото, но Лушков одлучи за сето време да остане на одмор во Австрија. Завршниот удар најверојатно дојде откако Лушков ја критикуваше одлуката на Медведев да ја запре изградбата на автопат низ една шума во Москва.

„Процветаа“ и Москва и неговата сопруга

Moskau Baufirma Inteko Inteco von Jelena Baturina

Седиштето на фирмата на Јелена Батурина во Москва

Во текот на своето владеење Лушков успеа да ја трансформира Москва во сјајна метропола. Низ целиот град беа изведени џиновски проекти, и сите беа финансирани од продажбата на нафта. Но, добар дел од изградбата и‘ беше препуштена на компанијата на сопругата на Лушков, Јелена Батурина, која во моментот се смета за најбогата жена во Русија со богатство проценето на повеќе милијарди евра.

Лушков постојано беше во жесток судир со организациите за човекови права, поради неговите изјави дека хомосексуалците се „сатанисти“ и блокадите на нивните собири.

Додека Путин беше претседател, силеџиската политика на Лушков беше толерирана, бидејќи беше сметана во согласност со неговата цврста политика, но однесувањето на московскиот градоначалник не беше во согласност со реформската политика на Медведев.

Рускиот претседател соопшти дека деновиве ќе одлучи кој ќе го наследи Лушков на чело на Москва.

Автор: БГ/дв/ап/бета

Редактор: Жана Ацеска