1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Медал за македонските кошаркари

Она што не им појде од рака во Литванија, македонските кошаркари сепак ќе го добијат во татковината. Денеска ќе бидат одликувани со државен медал за успехот

default

Од пречекот на кошаркарите на аеродромот во Скопје

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска со „Медал за заслуги за Македонија“ ќе ги одликува македонските кошаркарски репрезентативци  кои го освоија четвртото место на Европското првенство во кошарка во Литванија.

Високото признание им се доделува за афирмација на Република Македонија во светот со постигнатите врвни резултати во кошарката на меѓународен план и за исклучителен придонес за развој и популаризација на овој спорт во нашата земја.

Одликувањата на репрезентативците ќе им бидат врачени во Македонската опера и балет.

Mazedonien Basketball Nationalmannschaft

Кошаркарките вчера добија големо признание и од огромен број граѓани, откако им беше организиран величествен пречек на плоштадот Македонија во Скопје. Десетици илјади луѓе со овации ги поздравија своите спортски херои.

Македонската кошаркарска репрезентација на Европското првенство во Литванија, стигна до четвртото место, што е и најголем успех во екипна конкуренциија за македонскиот спорт на репрезентативно ниво. Кошаркарите извојуваа серија победи над фаворитите на првенството, меѓу кои, најзначаен останува оној над домашната селекција на Литванија во четвртфиналето.

Автор: ЕМФ/миа

Редактор: Борис Георгиевски