1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Мегафузијата на авиокомпании во САД неизвесна

Американските авиокомпании УС Ервејс и Американ Ерлајнс најавија спојување во февруари. Во случај да дојде до фузија, само 4 компании би контролирале дури 80 проценти од воздушниот сообраќај во САД.

Големата фузија на авиокомпаниите Американ Ерлајнс и УС Ервејс, со која би заштедиле една милијарда долари, сѐ уште е под знак прашање. Владата во Вашингтон и повеќе американски сојузни држави поднесоа тужба против фузијата, бидејќи стравуваат дека тоа би довело до зголемување на цените на авионските билети и полош сервис за патниците.

Владата на САД со блокирање на спојувањето на авиокомпаниите сака да го запре растот на цените на авиобилетите и таксите. Изминатата деценија се случи најголемата трансформација на авиопревозот во САД досега: до 2005. година имаше 9 големи американски авиокомпании, а сега се само пет. Со евентуалното спојување на Американ Ерлајнс и УС Ервејс бројот би се намалил на четири.

Но Министерството за правда вчера (13.08) го блокираше тој договор кој патниците би ги чинел стотина милиони долари годишно поради повисоките цени на билетите и дополнителните такси. Дури и пред тоа, просечната цена на повратен билет во домашниот сообраќај во САД, вклучувајќи ја и доплатата за багаж и за промена на резервација, од 2008 година до денес се зголеми од 351,48 на 378,62 долари.

Со спојување на Американ Ерлајнс и УС Ервејс би се создала најголемата авиокомпанија во светот. Американ Ерлајнс би се спасил од банкрот, а помалиот УС Ервејс со спојувањето би добил шанса да стане значаен играч на светската сцена и во САД. За спојување на авиокомпани од 2005. лесно се добиваше благослов од антимонополските регулатори во САД - две компании имено добија зелено светло за времето на претседателот Џорџ Буш, а две во периодот на администрација на претседателот Барак Обама.