1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Мегазделка за Ербас

Посетата на фабричките хали на Ербас во Тулуз, при првиот ден од официјалната четиридневна посета на кинескиот премиер Вен Џиабао на Франција, беа потврда на најавената мегакоманда на европски авиони.

Жак Ширак и Вен Џиабао

Жак Ширак и Вен Џиабао

„Нашите индустријалци потпишаа договор за испорака на 150 ербаси А-320 на Кина, а беше склучен и договор за развој хеликоптер тежок шест тони“, истакна францускиот премиер Доминик де Вилпен на заедничката конференција за новинарите со неговиот кинески колега, Вен Џиабао.

Договорот потпишан во Париз е во износ од 6-10 милијарди евра, со оглед дека сите детали не се целосно утврдени. Ербас, во замена се обврза да изгради една фабрика за монтажа на авиони во Кина. Имено, според проценките на Ербас, Кина во наредните дваесет години ќе треба да се стекне со околу 1800 патнички авиони.

Франција и Кина потпишаа и протоколен договор во износ од 150 милиони евра за изградба на железничка пруга за брзи возови во Кина. Пекинг со Алкател потпиша и договор за изработка на сателит за телекомуникации и договор со француската нафтена компанија Тотал за изградба на мрежа на бензински станици во регионот на Шангај.

Бројните потпишани договори според кинескиот премиер: „Тие ја одразуваат согласноста и пријателството која ја пронајдов кај француската влада.“

Вен Џиабао, ќе треба да го посети и францускиот центар за нуклеарна енергија Кудераш кај Марсеј, каде треба да биде изграден идниот меѓународен реактор за термонуклеарна фузија-ИТЕР, во кој Кина е земја партнер.

Француските претпријатија, заедно со американските, специјализирани во нуклеарната енрегија многу се интересираат за кинескиот пазар. Кина предвидува изградба на нова генерација на нукеларни централи во износ од 50 милијарди долари. Во ова наддавање, Кина бара трансфер на технолгија и според многу оценки Европјаните за разлика од Американците, не гледаат опасност во Кина во една толку многу чувствителна област како нуклеарната.

Американците во Кина гледаат и потенцијален воен противник, додека францускиот премиер Доминик де Вилпен околу ембаргото за продажба на оружје, оцени: „Ние сметаме дека ембаргото претставува анахронизам и тоа не ги одразува нашите односи со Кина и сттегиското пшартнерство кое го градиме со неа.“

Колку и тоа да им пречи на борците за човекови права, кога во посета на Франција доаѓа кинескиот премиер, со него се зборува многу повеќе за економија, отколку за човекови права.