1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Мебел од лим кој се пумпа

На почетокот луѓето мислеле дека неговите идеи се луди, а семејството го поддржувало. Денес дизајните на Полјакот Оскар Зиета стојат во парискиот музеј Помпиду. Тој покажува како тенкиот лим може да се надува во мебел.

Неговиот мебел од лим потсетува на реквизити од научнофантастичен филм. Иднината игра голема улога во дизајните на Полјакот Оскар Зиета. Награди добива уште од првиот дизајн. Меѓу нив е и дизајнерската награда на Сојузна Република Германија.

Троножното столче е наречено „плоп“ и веќе се наоѓа во Музејскиот центар за уметност Помпиду во Париз. За дизајнерот се работи за нешто повеќе од сопствена уметничка реализација.

„Плоп е манифест на нашата технологија и презентира дека лимот можеме со внатрешен притисок да го стабилизираме, деформираме или од 2Д да направиме 3Д објекти, кои се многу убави“, вели дизајнерот Оскар Зиета.

Заедно со своето семејство Оскар Зиета во 2007 година ја основал фирмата „Зиета Процесдизајн“ со седиште во Цирих и Варшава. Производството е во Полска. Производството на мебел од лим се одвива вака: два исти дела се поставуваат еден врз друг, а потоа се заваруваат.

Гледај видео 03:09

Мебел од лим од Оскар Зиета

Потоа просторот меѓу двата лима се пумпа со воздух, како што се прави со пумпите за велосипеди, со што мебелот се доведува во финалната форма. На крајот се добива стабилен мебел за седење. Само три килограми тешкото столче „плоп“ може да издржи повеќе од 2,5 тони.

Цели шест години Оскар Зиета истражувал на Техничкиот факултет во Цирих, дискутирал со инженери и вдлабнувал со тони лимови. На крајот, дизајнерот развил нова технологија за која денес се интересира и автоиндустријата.

„Нас долго време не возбудува пренесувањето на последниот чекор од производството на купувачот. Мебелот може дома да се спои и од тоа да се направи забава. Нешто како ИКЕА, која им испорачува регал на муштериите, кои треба да го состават од различни делови. Исто е и кај нас, но со поголема забава, а муштериите и учат нешто. Тоа е последниот производствен чекор и првиот час по физика“, вели полскиот дизајнер.

Назад во Берлин. Во моментов работата на Оскар Зиета може да се види во Полскиот институт. Изложбата се нарекува „Номади на иднината“.

„Ако во иднина патуваме уште подалеку, во правец кон Марс или ако се патува некаде во вселената, тогаш веројатно нашите предмети ќе сакаме да ги земеме со себе, да ги компримираме, да ги смалиме, за тоа да биде исплатливо и да можеме да ги земеме со себе“, вели Зиета.

А, колку е лесно да се користи техниката, покажува и двегодишната ќерка на Оскар Зиета, која со пумпа надувува две залепени лимени парчиња.

Аудио и видео прилози на оваа тема