1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

МВР ја заврши акцијата против криминалната група на Шар Планина

*

Македонските власти сеуште официјално не ја потврдиле веста дека најмалку седум вооружени криминалци загинаа во престрелка со македонските специјални полициски сили во регионот на селата Бродец, Вешала и Вејце на Шар Планина. Портпаролот на МВР Иво Котевски за Дојче Веле изјави дека полицијата сеуште го пребарува теренот. Засега официјално е потврдено дека се приведени шест лица и дека е запленето големо количество оружје. Акцијата која започна утрината имаше за цел апсење на групата предводена од Рамадан Шити и Лирим Јакупи кој пред неколку месеци избега од затворот Дубрава на Косово. Сеуште е непознато дали двајцата сеуште се во бегство. Демантирани се информациите дека бил соборен полициски хеликоптер. Според сеуште неофицијалните информации уапсени се 30 лица во Скопје кои им помагале на припадниците на криминалната група. Српските и косовските медиуми во меѓувреме јавија дека КФОР ја затворил границата кон Македонија од косовска страна.